Press "Enter" to skip to content

Сара Стевановски, фудбалерка на Топ Гол: победата во последното коло го зацврсти победничкиот менталитет

По 9 одиграни кола Топ гол од Битола е лидер на табелата и најсериозен кандидат за освојување на шампионската титула. Сара Стевановска крилнот напаѓач, на женскиот фудбалски клуб од Битола, која го постигна голот за Топ гол во битолското дерби ни изјави:

-Ние сме сериозна екипа која работи многу посветено и професионално. Она што е најважно е дека сме на врвот и имаме одлична серија. По високата победа на гости против Плачковица уште повеќе го зацврстивме победничкиот менталитет и ја подигнавме самодоверба на повисоко ниво. До крајот на првенството останува да бидиме внимателни и дисциплинирано да го одиграме натпреварите. Радува и фактот дека останатите натпревари ги играме на домашен терен и со екипи од долниот дел табела.

Следниот коло Топ гол ќе и биде домаќин на екипата на Џиџи која ја победи во есенскиот дел со конечен резултат од 10:0.

More from ВестиMore posts in Вести »