Членовите на танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола, изминатиот викенд зедоа учество на меѓународниот танцов спортски натпревар “TDF“ во Солун, Грција, кој е на календарот на Светската танцовата спортска федерација и важи за еден од најдобрите танцови натпревари во регионот. “TDF“ во Солун според организацијата, така и според многубројните WDSF категории што на натпреварувачите им носат бодови за рангирање на светските спортски танцови листи.
Натпреварувачите од Степ Ап учествуваа во повеќе категории (соло, парови и латино групи) и уште еднаш го потврдија квалитетот што го негуваат во клубот. Во исклучително силна конкуренција, нашите девојки и танцова двојка го делеа финалниот подиум со учесниците од уште 8 други држави и ги постигнаа следните резултати:
Латино група “Mini Stars“ освои прво место во “Junior All Ladies Strictly La“
Латино група “Stars“ освои второ место во “Youth All Ladies Strictly La“
Во танцова двојка Трајковски Драган- Трајкова Дарија освоија трето место во “Open La Junior“ 2 и четвро место “Open ST Junior 2“
Зорица Симјановска освои четвро место “WDSF Solo La Youth“, седмо место “WDSF Solo La Adult“.
Катја Козарова е петтопласирана во конкуренција “WDSF Solo La Junior 1“.
Дариа Наумова освои шесто место “WDSF Solo La Juvenile 2“.Антонија Гајтановска, Никита Ангеловски, Вања Атлагиќ, Меланија Паневска и Марија Грческа успешно го претставија клубот и покажаа дека македонските натпреварувачи претставуваат сериозна конкуренција на меѓународните подиуми.
Постигнатите високи резултати се уште поголем мотив за понатамошна работа на клубот и влез во претстојната танцова сезона како на домашните така и на меѓународните натпревари, истакнуваат од танцовиот спортски клуб Степ Ап од Битола.