Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот Коњановски ќе бара од Советот да изгласа субвенции за клими за сите кои аплицирале

По завршувањето на јавниот повик за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди, поради големиот интерес, градоначалникот Коњановски, ќе бара од Советот да донесе одлука за сите граѓани кои доставиле комплетна документација и ги исполнуваат условите од јавниот повик да добијат субвенции.

Коњановски по тој повод рече:

-Со големиот број на барања на повикот за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди потврдивте дека оваа мерка која е во програмата на Општина Битола е навистина потребна. Имајќи предвид дека планираниот буџет за оваа намена изнесува еден милион денари и шестотини илјади денари со персонален данок што се недоволно средста за субвенционирање на сите кои поднеле барање, одлучив да побарам од Советот на Општина Битола, на седницата во месец мај, донесување на одлука за дообезбедување на средства за субвенционирање на сите граѓани на Општина Битола, ги исполнуваат условите во повикот и доставиле комплетна документација. Очекувам Советот да го прифати моето барање за да сите добијат надоместок од 30 проценти од вкупната цена на чинење до максимумот од 18.000 денари. 

More from ВестиMore posts in Вести »