Академија за програмирање за деца која ги поместува границите на класичната настава во многу случаи. После 4 години програмирање во Велес, сега “пуштија нога” и на Широк Сокак. Кои се, што прават, и која е нивната мисија ќе ни раскаже Ана од “skillup“.Здраво Ана! Во последно време ги слушаме и гледаме насекаде низ Битола. Кои се skillup?
“Skillup“ e академија за програмирање за деца и тинејџери од 8 до 18 години. Веќе 4 години програмираме во Велес, а сега стартуваме и во Битола. Нашата мисија не е само да ги научи адецата да програмираат. Тука ги поместуваме границите на класичната настава, со цел да ги научиме како правилно да размислуваат и да ја програмираат својата иднина на сопствен начин.А која е Ана од skillup?
Јас сум Ана од “skillup“. Доаѓам од воспитно-образовна област. Имам повеќегодишно искуство во развивање на наставни програми и работа со деца. Сметам дека на децата им треба насока како квалитетно да го користат слободното време. Не само класични часови за одредена тематика туку и вртилиште каде што ќе им биде забавно. За таа цел, ги охрабрувам сите деца и тинејџери кои што сметаат дека традиционалното е досадно, да ни се придружат да го смениме светот…. или барем да го подобриме градот.И Ана, што се учи во skillup?
Во skillup имаме четири академии кои траат по 8 месеци, почнувајќи од октомври до јуни.
-Scratch – оваа програма е наменета за најмалите, од 8 до 10 години. Тука преку забава учиме како да размислуваме логички, да правиме анимации, приказни, игри и ја зајакнуваме активниста на мозокот кај децата.
-Web Design – Web Design програмата е наменета за сите генијалци над 10 години кои сакаат да навлезат во светот на програмирањето. Учиме технологии како HTML и CSS, со кои децата можат да почнат да изработуваат веб страни.
-Web Development – Ова е веќе за мали, но сериозни програмери. Наменета e за децата над 10 години, со претходно познавање на HTML и CSS. Со оваа програма навлегуваме подлабоко во светот на програмирање и учиме како да ги направиме веб страните да бидат функционални.
-Графички дизајн и Веб Дизајн – Имаме нешто и за уметниците со око за детали. Оваа програма нуди вовед во светот на боите, фонтовите и визуелните елементи. Од едитирање на слика до дизајн на веб страна.Спомна дека во skillup не се учи само програмирање, туку и правилен начин на размислување. Како тоа?
Во skillup веруваме дека учењето на децата да размислуваат на вистински начин преку програмирање ги надминува само вештините за кодирање. Станува збор за учење на животни вештини кои ќе им помогнат да станат успешни во што и да изберат да прават.
Нашата цел е да всадиме победнички начин на размислување кај децата, кој ги учи да им пристапуваат на проблемите со позитивен став и никогаш да не се откажуваат додека нé најдат решение. Друг важен аспект на размислување на вистински начин е можноста за изразување на сопствените мисли и идеи, ефективно да комуницираат со другите и целиме да креираме млади умови кои се сигурни во себе и се залагаат за она во што веруваат. Филозофијата на skillup e дека секое дете е уникатно и дека е во ред да се биде различен. Ги учиме дека тоа што се различни е она што ги прави посебни и се издвојуваат од толпата. Ова е порака што ја пренесуваме преку нашата дејност.За сите заинтересирани, каде може да ве најдат?
-За сите кои сакаат да ни се придружат во нашата програмерска мисија, посетете ја нашата веб страна skillup.mk каде што можете да ја пополните формата за апликација. Ако пак сте муабетчии, слободно јавете ми се мене, а наскоро ќе имате можност и да ни дојдeте на кафе во нашето ново училиште на Пеце Матичевски, 24, позади домот на културата.
Уписите за оваа учебна година се веќе во тек, имаме и 20% попуст за пријавувања до 31.05.