Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер за прв пат на “Ф8“ турнир во АБА-2, но без тројца стандардни кошаркари

Кошаркарите на Пелистер од Битола вечерва  за прв пат во историјата на клубот ќе настапат на завршниот “Ф8“ турнир во АБА-2, а за противник ќе ја имаат екипата на домаќинот, Хелиос, која редовниот дел од АБА-2 го заврши на првото место. Хелиос како домаќин и како лидер секако дека ја има фаворитската улога на завршниот турнир, и не само против Пелистер, туку и на целиот завршен турнир.

Тренерот на битолчани, Марјан Илиевски, пред заминувањето за Совенија, рече дека жали што го нема цел ростер на располагање, но вети борба до последната топка.

-Можам да ветам дека ќе се бориме до последна секунда. Не одиме на “фајнал-ејт“ само да бидеме учесници. Кога веќе е дадена шанса да бидеме учесници, домаќинот ќе го има притисокот, а наше е да излеземе и да се бориме до последна топка, да покажеме дека сме екипа која не е случајно таму, рече тренерот на битолчани.

Голем хендикеп за тренерот Марјан Илиевски ќе биде отсуството на тројца важни играчи од првата петорка. Американските кошаркари Донтеј Карутерс и Кени Карпентер, поради нерешени админстративни работи околу престојот во Македонија не отпатуваа во Словенија, а Андреј Маслинко поради повредата на последниот натпревар во Битола против ТФТ.

Дуелот меѓу Хелиос Домжале и Пелистер се игра со почеток во 18 часот. 

More from ВестиMore posts in Вести »