Press "Enter" to skip to content

Ново кафуле “Паладиум“ вечерва се отвори на местото на стариот “Паладиум“ во “Стаклената“ (фотогалерија)

Вечерва во “Стаклената“ зграда во центарот на Битола со сечење на црвена лента свечено беше отворено кафулето “Паладиум“ во Битола.Многумина кои беа присутни се вратија во времето кога  на истото ова место постоеше кафуле „Паладиум“ и работеше пред дваесетина години, а беше едно од култните места во градот.Во таа насока ќе работи “Паладиум“, да биде повторно место за излегување и дружење на  битолчани.  За тоа што ќе им понуди на битолчани,новиот “Паладиум“ менаџерот Никола Вангеловски, со свое  десетгодишно искуство во менаџирање на угостителски објекти, на свеченото отворање рече:-Да го водам овој новоотворен локал, секако заедно со целиот персонал, кои сега сме дел од реотвореното кафуле “Паладиум“,  се нафатив бидејќи сакаме да го вратиме стариот сјајот на овој дел од Битола,  секако она што некогаш на ова место беше култниот “кафич“ кој е во спомените на многу битолчани. Ова ќе биде надополнување на сите кои имаат таква идеја, преку забави и други содржини.  Одличен квалитет на она што ќе се служи тука,  беспрекорна услуга. Како новина ќе бидат т.н.„Signiture“ коктели. Тоа се коктели кои што нашиот коктел мајстор научил да ги подготвува во Велика Британија, а кои ги нема во другите локали. Секако посебен акцент ќе биде на кафето, кое ќе биде со беспрекорен квалитет. Накратко се ќе биде “под конец“. наближува пролетно летна сезона и тука се забавите кои  ќе бидат нешто посебно. Во се ќе се уверат нашите сограѓани, секако и намерниците кои ќе го посетат градот, е летово ги очекуваме во голем број.Коктел мајсторот Дарко Ристевски додава дека сите коктели ќе бидат изненадување и додава:-“Паладиум“ ќе понуди најквалитетни коктели, по кои сакаме да бидеме препознатливи не само во Битола, туку и пошироко. Секако се она останато ќе биде на највисоко ниво, според квалитет и услуга. Покрај коктелите ќе бидеме препознатли и по винската карта, односно според вината кои ќе ги понудиме на гостите. Инаку јас имам големо искуство, а тоа ќе го пренесам на целиот персонал.Според она како архитектите кои биле задолжени за ентериерот на “Паладиум“ за ексклузивниот  шанк од гранит,  за терасата, за осветлувањето, за деталите кои се со најмодерен дизајн, за да  биде вклопено во една нова урбана приказна во Битола,  Новиот сјаја на  “Паладиум“ ќе ги врати спомените кај генерациите кои се забавувале тука.  По некои години и овие сегашни генерации со носталгија ќе се сеќаваат на моментите кои  ги поминувале тука, се дружеле, забавувале, вљубувале. 

Текст и фото: Сашо Ристевски