Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во “финалната осумка“ во АБА-2 лигата, се враќаат по еден натпревар

Хелиос – Пелистер 101:47

Без тројца членови од првата петорка кошаркарите на Пелистер се убедливо поразени во првиот натпревар од плеј-офот и се враќаат во Битола, само со еден одигран натпревар во Домжале, Словенија, од домаќинот Хелиос со резултат 101:47.

Со ултра краток играчки ростер со кој Пелистер се појави во Домжале, со Стајиќ, Хаџифејзовиќ, Караџовски, Силаџи и Сапунџиев, кои не можеа да направат ништо повеќе. А дека ќе биде лошо за Пелистер се биде уште во првите три напади домашната екипа ги заврши со три точни удари зад линијата и почетни 9:3. На крајот на првата четвртина Хелиос се стекна со двојно повисока предност (24:12). Разликата, по две одиграни четвртини,  порасна на веќе недостижни 56:24.

Сето останато беше само една обична формалност, и промоција на Хелиос во полуфиналист на АБА 2 лигата.  Третата четвртина “пелистерци“ ја загубија со 28:17 или огромни 33 поени предност за словенечкиот тим. Последната четвртина беше потврда на победата на домаќинот , во која Пелистер не успеа да го ублажи убедливиот пораз и конечниот резултат гласеше 101:47 или неверојатни 54 разлика за Хелиос.

Кај Пелистер најефикасен беше Хаџифејзовиќ со 17 поени, Силаџи постигна 16 и Сапунџиев со 11 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »