Press "Enter" to skip to content

СДСМ денеска беа рамо до рамо со граѓаните на Битола

Генералениот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, претседателот на Комисијата за транспорт и врски, Митко Трајчулески, заедно со претседателот на битолската организација на СДСМ Драган Крајовски и раководството денеска беа рамо до рамо со граѓаните на Битола.

На маалски средби во Јени Маале и Нова Битола се разговараше за досега спроведените мерки на СДСМ и успешното справување со енергетската криза, за европската иднината на земјата, како и за политиките што следуваат во наредниот период.Генералениот секретар истакна дека партијата е постојано на терен да слушне гласот на граѓаните, да разговара, но и да каже дека СДСМ е подготвена да го води процесот за продолжување на европскиот пат и исполнување на оваа важна стратешка и национална цел.

-Рамо до рамо до победа е наша цел, наша определба, до конечна победа за европска Македонија. Ние немаме друга алтернатива. Со Договорот од Фронтекс добивме македонски јазик и писмо во ЕУ. Сега треба пред крајот да се уништи целата работа? Не. Ние мора да продолжиме по вистинскиот, по европскиот пат. На крајот на краиштата тоа било и децениска желба на нашите предци. Знаеме колку е важна европската иднина за сегашните но многу повеќе за идните, македонски генерации. Да не останеме земја без народ а нашите генерации да бидат надвор. Ние мора да направиме се, Македонија да продолжи да оди напред и никогаш повеќе да не се врати назад, рече Зечевиќ.

 

More from ВестиMore posts in Вести »