Press "Enter" to skip to content

Утре започнува 6. издание на “Џез фактори фестивал“, на отворањето Баба Сисоко, Тони Китановски и Васил Хаџиманов (фото)

Пред започнувањето на годинешното 6. издание на “Џез фактори фестивал“ кое закажано за утре, 13 април, денес се одржа прес конференција на која зборуваа Иван Јерчиќ директорот на Народниот Театар од Битола, која се  јавува како кодомаќин на Фестивалот и професор Сашо Поповски – директорот и основач на “Џез фактори фестивалот“. 

Иван Јерчиќ на денешната прес конференција рече:-Повод за денешната прес конференција е 6. издание на “Џез фактори фестивалот“, а НТБ е домаќин на фестивалот веќе шеста година, а мене ми е чест и радост што еве покрај сите премрежја, прво поради коронара и едно издание се одржа на отворено и со голем ентузијазам, заложби на Сашо и неговиот тим кој го организира фестивалот. Ние сме кодомаќини и трите вечери ќе се одржуваат на големата сцена на НТБ. Ние колку  можеме го помагаме “Џез фактори фестивалот“, а шестата години ветува одлична програма, а во Битола ќе видиме и слушаме во квалитетна џез музика, која ќе ни ја понудат светски џез музичари. 

Професор Сашо Поповски – директорот и основач на “Џез фактори фестивалот“ за фестивалот кој ќе се одржи од 13 до 15 април, околу Велигденските празници, во Битола со настап на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство рече:-“Џез фактори фестивалот“ годинава има неколку новини, а го отворивме на 8 април со изложба на Даниел Ѓурчиновски, која се наоѓа во Офицерски дом. Со новините го зголемивме обемот на фестивалот, а годинава како и секоја година ќе имаме девет концерти. Главната програма започнува со оригинален проект, направен токму за “Џез фактори фестивалот“, а такви оригинални проекти има три, што е реткост. На сцена ќе го имаме најголемото име на светската џез сцена, Баби Сисоко кој доаѓа од Мали, Африка, а ќе настапи заедно со Тони Китановски од Македонија и Васил Хаџиманов од Србија. Вториот концерт е настапот на Славен Љујиќ триото од Црна Гора и Баптист Хербин од Франција, а ова ќе биде дел од мрежата во кој е Општина Битола, кој ги обединува градовите каде има џез фестивали во Франција.

На вториот ден на “Џез фактори фестивалот“ ќе настапи на Милан Петровиќ квартетот од Србија, и од 21 часот “Liquid Carpet“ од Словенија, во рамките на соработката со Словенија кој веќе ја имаат воспоставена.Последниот ден ќе настапат “Vertitur“ музичари од Битола добро познати на битолската јавност со кариера која трае повеќе од 20 години. Тоа е третиот оригинален проект креиран токму за фестивалот кој ја задржува врската со Џез одделот при Музичката академија УГД – Штип. За затворање на фестивалот ќе настапи квартетот на “Џијан Емин“ од Македонија.

-На последната вечер ќе биде доделена наградата “Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2022 во соработка со Општина Битола, која ќе му припадне на Јован Цветковиќ, рече Поповски.На споредната програма на 13.април како дел од споредната програма во кафе бар “Порта џез“ ќе настапи „Arnau Garrofé Farràs Quartet“. Следниот ден е резервиран за конференцијата RJFB France- Balkan Jazz Network, со почеток од 12 часот во Pub Bourbon Street. Вечерта во “Камарите“ ќе настапи Иле Косата заедно Стефан Тасевски. На завршниот ден со почеток од 13 часот ќе настапат United Group Department feat Леана Таќи од Македонија, во “Камарите“.

-6. издание на “Џез фактори фестивалот“ е под покривителство на Општина Битола, а Министерството за култура со минимални средства го поддржа фестивалот и на мое жалење е рангиран во четврта категорија, што покажува дека немаат слух за овој фестивал и Комисијата не го распозна на нивото на детски фестивали.

Текст и фото. С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »