Алкалоид – Еурофарм Пелистер 27:28 (15:16)
Екипата на Еурофарм од Битола вечерва го победи Алкалоид во дерби дуелот во 9. коло од плеј-офот со резултат 27:28, полувреме 15:16, во натпревар кој одлучуваше за тоа кој ќе ја освои титулата во годинашниот шампионат.
Натпреварот започна со предност од два гола за битолчани која ја одржуваа до 8. минута, а потоа преднст имаше Алкалоид. На средина на првото полувреме Алкалоид го имаше и највисокото водство од два гола, а до крајот на првото полувреме во игра гол за гол Еурофарм Пелистер замина на одмор со +1 (15:16)
Во второто полувреме двете екипи се менуваа во водството. Во 40. минута Атанасиевиќ погоди за +2 за “пелистерци“. Потоа искусните Хосни, Суси и Пешевски ја одржуваа разликата на два гола. Во 50. минута Хенеберг погоди за +3. Во 52. минута домаќините го израмнија резултатот. Еурофарм Пелистер се врати во водство и одржуваше минимално водство, а напад за водство на минута имаше Алкалоид. Лесњак одбрани, а Хененберг на 5 секунди погоди за конечни 27:28 и победа.
Најефикасни кај Еурофарм Пелистер Васиљев, Хосни и Хененберг со по 6 голови.
Еурофарм Пелистер против Вардар во “Боро Чурлевски“ ќе одлучува за титулата во Битола.