Press "Enter" to skip to content

За титула ќе се одлучува во Битола, Еурофарм Пелистер го победи Алкалоид во Автокоманда

Алкалоид – Еурофарм Пелистер 27:28 (15:16)

Екипата на Еурофарм од Битола вечерва го победи Алкалоид во дерби дуелот во 9. коло од плеј-офот  со резултат 27:28, полувреме 15:16, во натпревар кој одлучуваше за тоа кој ќе ја освои титулата во годинашниот шампионат.

Натпреварот започна со предност од два гола за битолчани која ја одржуваа до 8. минута, а потоа преднст имаше Алкалоид. На средина на првото полувреме Алкалоид го имаше и највисокото водство од два гола, а до крајот на првото полувреме во игра гол за гол Еурофарм Пелистер замина на одмор со +1 (15:16)

Во второто полувреме  двете екипи се менуваа во водството. Во 40. минута Атанасиевиќ погоди за +2 за “пелистерци“. Потоа искусните Хосни, Суси и Пешевски ја одржуваа разликата на два гола. Во 50. минута Хенеберг погоди за +3. Во 52. минута домаќините го израмнија резултатот. Еурофарм Пелистер се врати во водство и одржуваше минимално водство, а напад за водство на минута имаше Алкалоид.  Лесњак одбрани, а Хененберг на 5 секунди погоди за  конечни 27:28 и победа.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер  Васиљев, Хосни и Хененберг со по 6 голови.

Еурофарм Пелистер против Вардар во “Боро Чурлевски“ ќе одлучува за титулата во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »