Press "Enter" to skip to content

Претставниците џез мрежата Франција Балкан во кабинетот на градоначалникот

Претставници од четири држави членки во проектот Џез мрежа Франција Балкан, остварија средба со градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. На средбата, беа претставени и разгледани капацитетите и можностите кои општина Битола ги нуди за одржување на културните настани. Градоначалникот Коњановски потенцираше дека Битола е град на културата, особено во летните месеци, кога се одржуваат бројни настани во рамките на Бит Фест.

Присутните го запознаа градоначалникот со можностите за продолжување на оваа културна размена и во следните години, преку проект кој повторно ќе биде аплициран до француското министерство за надворешни работи. Француско-Балканската џез мрежа, покрај заедничката соработка на градовите и џез фестивалите, има за цел да обезбеди заедничка размена на џез уметници, кои можат да земат учество на некој од фестивалите во градовите претставници – Дижон и Шамбери во Франција, Подгорица во Црна Гора, Ниш во Србија, Тирана во Албанија и Битола.

Општина Битола е претставник на нашата држава во Француско-Балканската џез мрежа, како поддржувач на битолскиот „Џез фактори фестивал“, а времетраењето на проектот се совпаѓа со одржувањето на фестивалот во Битола. По одржаните сесии во Дижон во Франција, Тирана и Фиер во Албанија и Подгорица во Црна Гора, Битола е домаќин на четвртата по ред средба на претставниците од мрежата, со што воедно и завршува овој проект.

More from ВестиMore posts in Вести »