Press "Enter" to skip to content

“Ултрас Чкембари“ за Велигден со голема донација за Домот за доенчиња и деца без родители во Битола (фотогалерија)

По повод големиот христијански празник Велигден подгрупата од навивалката група “Чкембари“, “Ултрас“ од Битола деновиве реализира голема хуманитарна акција, а денес донацијата беше предадена во Домот за доенчиња и деца без родители во Битола.Донацијата која денес “Ултрасите“ ја предадоа во Домот се состои во храна и друго што му е потребно на Домот. -Идејата за оваа донација дојде од нас “Ултрас“ и денес на Велики Четврток ја предаваме во Домот, по повод Велигден. Ние домираме храна и друго, бидејќи сакаме и ние со оваа донација да им го разубавиме празникот, секако колку можеме. Вредноста на донацијата е 30.000 денари, а за донацијата се консултиравме со вработение во Домот, кои ни кажаа што им е најпотребно сега, вели Горан Калешковски – Љутио.Инаку “Ултрас“ Битола е подгрупа во “Чкембари“ и е една од најстарите, која деновиве прослави 18 години е е формирана во 2005 година. -Со оваа донацијата ќе го обелиме образот пред македонската јавност, бидејќи во изминатиот период се изнаслушавме некои работи. Ние ќе продолжиме со хуманитарни акции и во иднина и ќе го докажеме спротивното, додаде Калешковски.Од Домот за доенчиња и мали деца се заблагодарија на донацијата и на “ултрасите“ им доделија благодарница за спроведената хуманитарна акција.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »