Еурофарм Пелистер 2 – Бутел 24:25 (11:11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 попладнево во Битола се поразени од екипата на Бутел во рамките на плеј-офот, минумално со гол разлика, со несреќно примен последен гол. На овој натпревар играшене и повратникот во “двојката“ Емилијан Ѓоргоновски, но се повреди пивотот Самоил Ристевски, што му донесе проблеми на тренерот Александар Зарков, заедно со неиграњето на Белистојаноски и Стоилевски.
Првото полувреме помина во изедначена игра, а за регистрирање се шесте гола на Павле Петровиќ, а на полувреме се замина без водство на ниту една екипа, 11:11. Во вториот дел за победа на гостите пресуди искуството на гостинскиот тим, а од друга страна Еурофарм Пелистер пречесто грешеше во фазата на напад, па тоа донесе во 50. минута -5 за “пелистерци“ (17:22). Ракометарите на домашниот тим успеаја да се вратат и во последната минута влегоа со 24:24, со серија од 7:2. Младеновски во самата завршница со многу среќа погоди за голема победа на Бутел од 24:25.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер 2 Петровиќ со десет погодоци, а по три постигнаа Ѓорговски, Митревски и Ивановски.