Press "Enter" to skip to content

6. издание на “Џез фактори фестивалот“ започна со оригинален проект на Васил Хаџиманов (фотогалерија)

Годинешното 6. издание на “Џез фактори фестивал“ вечерва во Битола започна со одличен концерт, на радост и за уживање на битолските љубители на џезот на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во Народниот театар Битола. Она што организаторот и директорот и основач на “Џез фактори фестивалот“ професорот Сашо Поповски рече дека е целта да понудат нови културни настани и да го збогати културниот живот во Битола, придонесувајќи кон подобри културни можности за граѓаните и создавање позитивна културна атмосфера преку џез-културата како стожер на социјални општествени промени, запознавање нови култури, градење современо европско општество за сите, според она што битолчани го гледаа и слушаа се осполни.Вечерва Фестивалот беше отворен со настапот на Баба Сисоко од Африка, Тони Китановски од Македонија и Васил Хаџиманов од Србија, а нивниот концерт им донесе многу аплаузи и овации од присутните. Baba Sissoko доаѓа од Мали. Неприкосновен мајстор на Тамани (зборувачки тапан) за кој инструент бил инициран од неговите предци Djeli Baba Sissoko, Djeli Maka Sissoko и Djatourou Sissoko. Тој исто така со подеднаква природна умешност користи и нгони (традиционална гитара од Мали), камаленгони („инструмент за млади мажи“, харфа-лаута од 6 до 12 жици наштимани со гласот на музичарот), балафон, калабаш, гитара, висат и секако пее. Роден во Бамако, Баба потекнува од родот на предците на Малиските Гриоти, чија должност во однос на традицијата е „да се помират срцата и душите“ како што вели тој и додава: „ мојата музика не ми припаѓа мене, туку им припаѓа на сите …за мене музиката е мир“.Тони Китановски сака да се опише себеси како композитор кој свири гитара. Десетте години поминати во Бостон, благодарение на целосната стипендија на Беркли, беа исполнети со уникатни и екстремни музички откритија кои сега ја обликуваат бојата на неговиот музички глас. По враќањето во Македонија егзотичните звуци на мултикултурното ткиво на Бостон, каде традиционалната музика од секој замислив дел на светот може да се најде зад аголот во секое време, беа заменети со подеднакво интригантна балканска разновидност на музички бои засновани на модови и ритми на антиката, византиски и источните традиции. “Стравот е само илузија, не плашете се да пробате нови неочекувани решенија во вашата музика“, ќе каже Китановски.Васил Хаџиманов е добро познат на битолската публика. Човекот кој е со фестивалот  од самите почетоци, имено токму тој го изведе првиот концерт на Џез фактори фестивалот. „Васил со неговото акустично трио за прв пат ја распродаде салата на Народниот Театар и ни го подари највозбудливиот концерт во нашата фестивалска историја“, стои во соопштението од фестивалот. Овој пат ќе го видиме во оригинален проект кој е специјално креиран токму за Џез Фабрика на сцена со Баба Сиссоко и Тони Китановски.После нив следува настапот на Славен Љујиќ триото од Црна Гора и Баптист Хербин од Франција. „Славен Љујиќ трио со Хербин“ е проект кој вклучува извонреден мулти-инструменталист и композитор, Иван Маровиќ од Црна Гора на гитара и Тин Џаферовиќ од Хрватска на контрабас; Баптист Хербин (Париз, Франција) на алт саксофон и Славен Љујиќ на тапани, кој е основач на групата од Црна Гора.Утре на  “Џез фактори фестивал“ ќе настапи Милан Петровиќ квартетот од Србија и Liquid Carpet од Словенија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »