Битола може да стане град на магнолиите. А инспирација може да биде славната магнолија на семејството Иконому која беше засадена, во познатата куќа на ова семејство. Со овој мотив, финтек компанијата “СН финансии“ вчера подари со засадување 15 магнолии на градот Битола. Поддршката е дадена на ЈК “Комуналец“, а идејата е секоја година да се засадува иста бројка на садници магнолии, со цел градот да се препознава по овие убави мали раскошни дрва. 12 магнолии се засадени во паркот околу Градскиот часовник, а 3 во паркот пред комплексот Грозд.-Битола е и град кој има плоштад кој го носи името “Магнолија“. Име кое не е случајно, туку го добива по дрвото кое во минатото го имало во дворот на познатиот битолски трговец Иконому, чија куќа централно поставена на овој плоштад е прекрасен пример на старата битолска архитектура и во која на преминот помеѓу 19 и 20 век бил сместен конзулатот на Австроунгарија. Кога ја планиравме акцијата, наидовме на интересни факти дека според народните верувања магнолијата засадена пред куќата привлекувала задоволство и мир, а зад куќата привлекува богатство и финансиски просперитет. Затоа ја засадил Иконому. Дрвото магнолија пред некоја деценија повторно го има пред левата страна од скалите на објектот на Иконому и дава симболика на ова место како некогаш. Нашата идеја е целиот комплекс на паркот околу плоштадот и на други места низ градот од оваа година, па натаму да садиме магнолии, истакна Фросина Аневска, менаџер за продажба од “СН Финансии“.Инаку, магнолијата го добила името во чест на францускиот ботаничар Пјер Магнол. А дрвата живеат до 100 години.
Засадени петнаесет магнолии во Битола (фото)
More from КомерцијаMore posts in Комерција »
- Хотел “Епинал“, Вашето омилено кафе место во градот
- За 30 години “Мотоцентар“ – подарок 10% cashback за секоја сметка
- Ново во Жан Митрев Дијагностик Битола, специјалистички ОРЛ прегледи
- Александар Тодосиев, управител на Smart Invest Group: Smart Invest Group претставува алтернативен и паметен начин на инвестирање и е запрв пат кај нас
- “Боди М“: време е за обновување