Press "Enter" to skip to content

Официјализирана соработката на Сојузот на спортови на Битола и ГП “Пелистер“ Битола

Претседателот на Сојуз на спортови Битола, Сашко Павловски и директорот на ГП “Пелистер“ Силјан Мицевски  деновиве потпишаа Меморандум за соработка со кој се официјализира соработка помеѓу двете страни. Павловски и Мицевски по потпишувањето истакнаа дека и во иднина, како и до сега ќе соработуваат.

Силјан Мицевски бил долгогодишен претседател на Сојузот на спортови на Битола, а по повлекувањето е почесен претседател.

Ноќната атлетска трка и изборот на “Спортисти на годината“, како и нови содржини кои ќе ги понудат од Сојузот ќе бидат проетите за кои меѓусебно ќе се договорат.

More from ВестиMore posts in Вести »