Press "Enter" to skip to content

Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)

Христовото погребение, годинава, лето Господово 2023 година, свештениците од битолската црква “Св. Недела“ во Битола, предводени од старешината на храмот, отец Пенчо Пусовски, заедно со големиот број верници кои беа присутни, го извршија вечерва, на Велик Петок, а оваа Богослужба го симболизира погребот на Христос, по неговото умирање, распнат на Светиот крст.Верниците се поклонија пред светата Плаштеница, а децата и верниците се провнаа под неа, оставија црвени јајца на масата и цвеќе.Свештениците уште еднаш во текот на службата ги нагласија Христовите страдања и погребот кој се одржа петокот, бидејќи саботата беше неработен ден, проследени со црковна служба и црковни песни преку кои го раскажаа претходните денови, а и денешниот кој е најтажниот дек, Велики Петок, денот кога е погребан Исус Христос.Христос беше погребан во гробот, плочата запачетена, а пред неа беше поставена стража.За време на службата голем број верници, претежно од овој дел на Битола, стрпливо ја слушаа, а дел и учествуваа во неа, а сите заедно три пати ја обиколија црквата “Св. Недела“ со што и симболично го извршија Христовото погребение.Заедно со старешината на црквата Пусовски, погребенито го одржаа  Александар Маргулевски и Љупчо Атанасов, како и хорот, и певците татко и син.Исто така беше и најавено Христовото воксресение.Свештениците ги повикаа верниците на саботната утринска служба и на вечерната кога ќе биде соопштена најрадосната вест, дека Христос воскреснал.

Текст и фото: С. Ристевски