Претседателот на Сојуз на спортови Битола, Сашко Павловски и директорот на ГП “Пелистер“ Силјан Мицевски деновиве потпишаа Меморандум за соработка со кој се официјализира соработка помеѓу двете страни. Павловски и Мицевски по потпишувањето истакнаа дека и во иднина, како и до сега ќе соработуваат.
Силјан Мицевски бил долгогодишен претседател на Сојузот на спортови на Битола, а по повлекувањето е почесен претседател.
Ноќната атлетска трка и изборот на “Спортисти на годината“, како и нови содржини кои ќе ги понудат од Сојузот ќе бидат проетите за кои меѓусебно ќе се договорат.