Press "Enter" to skip to content

Димитар Трајковски, сопственик на “2Spicy4You“ кафетерија: шмекот на Ориентот го донесовме во Битола (фотогалерија)

-“Кафето треба да биде црно како ѓавол, жешко како песок во Сахара, чисто како ангел, слатко како љубов”.

-Во “2Spicy4You“ кафетеријата единствено во Старата битолска чаршија во Битола ќе пиете турско кафе, отоманско кафе и салеп приготвени на песок, како и природни хербални чаеви, мирудии од земјите на Ориентот.

-Кафето сварено на песок, се вари подого, ги испушта сите есенции и не може да се спореди со ништо. Вкусот е неповторлив. Сите што го пробаа велат исто. Ваквиот начин на приготвување доаѓа од Сирија, но влечи корени од бедуините во пустината Сахара каде низ својот номадски живот се прилагодувале  на природните услови, за да преживеат. Тие  ја користеле температурата на песокот да готват. Пустинскиот песок достигнува многу висока темпретаура. Навечер температурите се симнуваат, тие палеле оган, копале дупка каде го ставале тестото за леб. Другиот ден имале изпечен леб, а исто така правела чај и кафе пригтовувани долго во песокот…Вака го започнавме интересниот разговор со Димитар Трајковски, сопственик на “2Spicy4You“ кафетерија, пиејќи кафе приготевно на песок кое за прв пат го пробав во автентични филџани со локум, на буре. Прекрасен амбиент, соговорникот со традиционалне часовник на синџир во елек, кој продолжи:

-Ја сакам традицијата и вакви часовници кои ги имам некоклку. Спој на модерно и старо. Токму тоа е и концептот за оваа кафетерија.Што ќе им понуди “2Spicy4You“ на битолчани, а и сите други кои поминуваат низ Старата чаршија во Битола?

-“2Spicy4You“ е единствена кафетерија во Битола каде можете да го пиете турско кафе, отоманско кафе и салеп приготвени на песок. Покрај ова разни видови природни хербални чаеви, мирудии од земјите на ориентот. Конкретно Индија, Сирија, Турција и земјите на ориентот. Не е случајно што сакав токму во овој автентичен амбинет на Старата чаршија во Битола  да ја отворам оваа кафетерија. Пред многу години тука живееле имало многу занаети, тука се пиело кафе со локум, се пиело чај, салеп. Имало развиена трговија, социјален живот. Потекувам од стара битолска градска фамилија. Генот е ген и ме влече традицијата, која не треба да ја заборавиме. Но, да ја сублимираме и да ја поврземе со модерниот начин на живот. Голем дел од занаетчиите тука сметаат дека не може да се врати тоа време. Но, ќе кажам следно, јас верувам во друго. Бидејќи се сеќавам на еден период во 90-тите години кога имаше развиен културно забавен живот во чаршијата. Припаѓам на генерацијата која излегуваше во кафулиња низ чаршијата. На почетокот тоа беше најпрво кафулето меѓу првите во градот “Junior “, а потоа ламба по ламба и многу други објекти ја заживеаја Старата чаршија во Битола. Младите генерации кои излегуваат денес најповеќе низ кафулиња на Широк Сокак, тоа можеби не го знаат. Исто така не го имаат почуствувано шмекот и  колку е убава чаршијата во лето. Би сакал да се врати тој сјај, но и оној од многу поодамна.Шмек на ориентот…Покрај кафе приготвено на песок, нудите и други кафиња, но и чаеви, мирудии, кристали?

-Покрај кафе турско мелено, сврено на песок во посбени бакарно ѓезвиња и послужено на традиционалн начин. Тука може да најдете многу видови повеќе од 20 ароматични хербални чаевои во прав и во листови сушени. Ќе набројам некои од  чаевите во прав добиени од сушени овошја природни со повеќе вкусови ванила, роза, калинка, манго… Исто така има и чаеви за регулирање на притисокот, детокс чаеви, т.н. „love tea“ за потенција. Ментол кристали за настинка и синуси. Нудиме зачини за компир, риба кои зачинуваат, но не се солени.-Се наоѓаме на Македонска 27 посетете не, имаме изненадувања за Велигденските празницим им порача на битолчани Димитар Трајковски, сопственик на “2Spicy4You“ кафетерија.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска