Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: Примена на ехографија при дијагностицирање на различни заболувања и потребата од други методи

Со д-р Васил Чипуровски, информираме за прегледи на внатрешните органи. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехографија при дијагностицирање на различни заболувања и потребата од други методи, за што вели:

-Дали секогаш срцебиењето или тахикардијата е поради болести на срцето НЕ таа можи да е последица на анемични синдроми, тиреотоксикоза токсичен аденом на тироидната жлезда, феохромоцитоми на медула на надбубрег хиперкортицизам и различни фебрилни состојби , анксиозен синдром, страв, присуство на хијатус хернија и ГЕРБ. Ултрасонографијата или ехо на бубрезите и уринарниот тракт ни прикажува структурни морфолошки промени калкулоза, тумори, цисти  на бубрезите за процена на бубрежната функција потребно е лабораториско испитување на креатининот и уреата во серумот на пациентот.Дали е возможно ехо приказ на желудник и колон ДА како скрининг насочувачки метода додека гастроскопијата и колоноскопијата се главни методи за процена на болести на  гастроинтестиналниот тракт. Покрај компјутерската томографија и рентгенграфијата на белите дробови постои и ехо на бели дробови во дијагностицирање на ателектаза, бронхопнеумонија и плеврлални изливи додека за процена и дијагностицирање на белодробната функција потребно се спирометрија и алерготестови како при ХОББ и Бронхијална Астма.

Дали при Дијабет панкреасот е ехографски променет Не тој е променет едематозен со псеудоцисти асцитес и различна ехогеност кај акутен и хроничен панкреатитис,најчести ехографски промени кај шеќерна болест -дијабетес се неалкохолната замастеност на црниот дроб и нефролитијаза.

Зошто е значајно целосното  лекувањето на акутните инфекции на бубрезите поради тоа што хроничниот пиелонефритис е една од причините покрај дијабетот, хипертензијата и системските заболувања и гломерулонефритисите за развивање на  хронична бубрежна слабост и потреба од воведување на  хемодијализа.

Со ултрасонографија или ехо на тироидната жлезда се проценува  зголеменост  на димензиите на тироидната жлезда или struma, присуство на јазли нивна форма васкуларизираност кај сомнеж за малигнитет и потреба од биопсија, за одредување на тироидната функција неопходно е и проверка на тироидните хормони fT4 и TSH додека за  тироидитис на Хашимото и AT-TPO.

Електрокардиографските  промените (СТ сегмент депресија или елевација и инвертни Т бранови)и ехокардиографските промени(хипо/акинезија на ѕидови ИВС) се значајни во процена дали градната болка е од срцева причина или не (психогена или од мускулно скелетни заболувања), додека одредувањето на ежекционата фракција која нормално е над 55% е главно во диференцирање на причината за отоци по нозете дали се од срцева причина  како и предоперативна кај пациенти кои ќе подлежат на општа анестезија.

Зошто е значајно одредувањето на мочна киселина во крвта на пациентот бидејќи таа е причина покрај за уричен артритис или Гихт и за уратна нефролитијаза и нефропатија со развивање на ХБИ.