Press "Enter" to skip to content

Поискусните рутински победија во “братското“ градско ракометно дерби (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 31:26 (15:13)

Денес на пладне во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола се одигра братското градско дерби во кое поискусниот и поквалитетниот Еурофарм Пелистер, како “домаќин“ го победи Еурофарм Пелистер 2 со резултат 31:26 (15:13), во натпревар кој помина без изненадувања.Уште на стартот на првото полувреме Еурофарм Пелистер поведе со 3:1, а “помладите“ имаа серија од 0:3 и водство. Потоа беше 6:4 за поискусните, но повторно серија од три гола за “двојката“ за 6:7. Во продолжието Еурофарм Пелистер заигра сигрно, а на одмор се замина со 15:13.И во второто полувреме Еурофарм Пелистер играше сигурно, а како резултатот на таквата игра поведе со највисоките +8 (24:16). “Двојката“ до кајот на натпреварот ја намали разликата и со дојдоа до крајот до -5 (31:26).Најефикасен кај Еурофарм Пелистер е Костески со 8 гола, а следуваат Стевановиќ со 6 и  Васиљев со 5. Кај Еурофарм Пелистер 2 наефикасен Павле Петровиќ со 7 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »