Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер убедливо и против Борец, три гола на Спиркоски (фотогалерија)

Пелистер – Борец 4:0 (1:0)

Пелистер под Тумбекафе, на стадионот “Петар Милошевски“ во рамките на 24. коло од Втората фудбалска лига го победи “фенерџијата“ на табелата, екипата на Борец од Велес со реултат 4:0, полувреме 1:0.Стрелец на три гола беше Спиркоски кој погоди во 34. минута од првото полувреме на асистенција на Маневски, во 57. минута по слободниот удар на Љамчевски и во 67. минута.  Благој Љамчевски погоди во 62. минута.По 24 одиграни кола Пелистер на 4. место со 50 бода. Лидер на табелата е Воска со 57 бода, Вардар е втор со 55, а на трето место е Гостивар со 55 бода. 

More from ВестиMore posts in Вести »