-Во април 2013 година неколку дена по локалните избори, по повеќе подготовки, адаптација на теренот и создавање услови за работа во коритото на реката Драгор во Битола, над стариот мост кај Црн Мост, беше поставен камен темелникот на новиот мост кај Црн мост, започна со своите сеќавања, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.По осветувањето од свештениците на Македонската православна црква, градоначалникот на Општината Битола, Владимир Талески, и претставник на изведувачот “Стентон градба“ го означија почетокот на овој посебен настан со кој започна бетонирање на дел од тракастиот темел на Црн мост.
Подолго време траеја подготовките бидејќи потребни се 37 главни монтажни носачи, коишто во изминатиот зимски период се подготвуваа во леарница, а истовремено се работеше и на терен, а откако се направивме сите испитувања на земјиштето, се стигна до фазата на ставање на камен-темелникот.
–Ова е една голема придобивка за сите. Ќе добиеме мост по сите сообраќајни стандарди, а на него ќе има кружен тек во кој се бидат вклучени улиците од “Булеварот 1 Мај“ и околните улици, а со тоа во голема мера ќе се зголеми безбедноста на сообраќајот во овој дел на Битола, како и проодноста на возила, беше речено, тогаш, на отворањето.
Со изградбата на новиот мост, стариот мост на Црн мост остана пешачки, а новиот е голем кружен тек кој 70% ќе биде мост на реката Драгор, а останатите 30% ќе претставуваат поврзување со патна инфраструктура.

Деновиве пред 10 години: започна изградбата на новиот мост кај “Црн мост со кружен тек (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Генерацијата 2004/05 поздравена од Битола пред шампионската промоција на годинашниот шампион (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: два дена Битола беше миросана и се претвори во голема црква (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: по три години без бокс во Битола, два клуба на државно, Бранител и Пелбит (фото)
- Деновиве пред 10 години: и со отворен ден одбележан денот на основањето на УКЛО (фото)
- Добронамерен концерт на Анета и “Молика“ за изградба на Царската црква “Успение на Пресвета Богородица“ на Битолското кале над Битола (видео+фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Болдер ѕид за качување со трибина за детски и младински активности
- Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)
- Состанок на Централниот одбор на ПОДЕМ
- СВР Битола: приведени три лица за поседување марихуана, 58 санкции за брзо возење
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)