Press "Enter" to skip to content

Денес започнува новиот детски фолклорен фестивал “Весел петок“ на КУД “Илинден“

Во организација на КУД “Илинден“ во Битола ќе се одржи нов детски фолклорен фестивал “Весел петок“, а во рамки на фестивалот, од денес до 22 април ќе се одржат повеќе манифестации на кои ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од земјава и странство.

Централна манифестација ќе биде посветна на празникот “Источен петок Балаклија“ односно “Градски – Селски Велидген“ што ќе се одржи на 21 април, на средсело во битолската населба Јени Маале, а целта е младите генерации да ја продолжат традицијата. Денес, според програмата која е објавена, во 20 часот, во Офицерски дом ќе се одржи манифестацијата “Ала турка и ала франга концерт” која ќе ја одржат членовите на КУД “Илинден“.

Централна манифестација ќе биде одбележувањето на празникот “Источен петок Балаклија“ односно “Градски – селски Велидген“ на 21 април во петок со почеток во 13 часот на Средсело во Генимаале. Целта е обичајот „Градски – селски Велигден“, кој се одржува секој секоја година во првиот петок после Велигден, на верскиот празник “Источен петок Балаклија“, кога групите и ансамблите на „Илинден“ излегуваат низ улиците на Генимале, а на Генималското средсело реализираат соборски презентации.

Инаку, на различни локации во градот ќе настапат членови на училишниот фолклорен ансамбл „Тевлаб“ од Будимпешта-Унгарија, како и македонските детски фолклорни групи „Илинден“ – Демир Хисар, „8ми Октомври“-Крива Паланка, „Дримкол“-Вевчани“, „Китка“-Истибања“, „Јане Сандански“-Неготино, „Орце Николов“-Скопје и КУД „Илинден“-Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »