Во организација на КУД “Илинден“ во Битола ќе се одржи нов детски фолклорен фестивал “Весел петок“, а во рамки на фестивалот, од денес до 22 април ќе се одржат повеќе манифестации на кои ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од земјава и странство.
Централна манифестација ќе биде посветна на празникот “Источен петок Балаклија“ односно “Градски – Селски Велидген“ што ќе се одржи на 21 април, на средсело во битолската населба Јени Маале, а целта е младите генерации да ја продолжат традицијата. Денес, според програмата која е објавена, во 20 часот, во Офицерски дом ќе се одржи манифестацијата “Ала турка и ала франга концерт” која ќе ја одржат членовите на КУД “Илинден“.
Централна манифестација ќе биде одбележувањето на празникот “Источен петок Балаклија“ односно “Градски – селски Велидген“ на 21 април во петок со почеток во 13 часот на Средсело во Генимаале. Целта е обичајот „Градски – селски Велигден“, кој се одржува секој секоја година во првиот петок после Велигден, на верскиот празник “Источен петок Балаклија“, кога групите и ансамблите на „Илинден“ излегуваат низ улиците на Генимале, а на Генималското средсело реализираат соборски презентации.
Инаку, на различни локации во градот ќе настапат членови на училишниот фолклорен ансамбл „Тевлаб“ од Будимпешта-Унгарија, како и македонските детски фолклорни групи „Илинден“ – Демир Хисар, „8ми Октомври“-Крива Паланка, „Дримкол“-Вевчани“, „Китка“-Истибања“, „Јане Сандански“-Неготино, „Орце Николов“-Скопје и КУД „Илинден“-Битола.