Press "Enter" to skip to content

Одбележана годишнината од формирањето на партизански одред “Пелистер“

По повод формирањето на првиот партизански одред “Пелистер“ и загинувањето на дел од борците на 3 мај 1942 година, денес, традиционално, наставничките Гордана Угриновска, Лилјана Јошевска и Фанче Јошевска од ОУ “Елпида Караманди“ од Битола со генерацијата од второ одделение беа во посета на АМД “Ѓорѓи Наумов“ во Битола.

За работата на АМД “Ѓорѓи Наумов“ Битола ги запозна секретарот Јонче Лајмановски.

Претседателот на ОО на СБМ-Битола, другарот Стефан Бошков ги запозна учениците со животниот пат на првиот командант на одредот Ѓорѓи Наумов. Учениците прочитаа свој рецитал, а потоа присутните полагаа цвеќе пред спомен-бистата на Ѓорѓи Наумов.

По повод загинувањето на Елпида Караманди и чествувањето на патронот на училиштето учениците пред нејзината спомен-биста имаа приготвено соодветна програма. Цвеќе во името на училиштето полагаше директорката Татјана Дамчевска, а во името на ОО на СБМ-Битола претседателот Стефан Бошков.

More from ВестиMore posts in Вести »