Press "Enter" to skip to content

Средното економско од Битола одбележа голем и редок јубилеј, 100 години постоење (фотогалерија)

Вечерва во свечената сала на Офицерски дом во Битола, средното општинско економско училиште “Јане Сандански“ од Битола одбележа, редок и голем јубилеј, 100 години постоење, а јубилејот го прославија со свечена академија, документарен филм, публикација, изложба, настап на училишниот хор…На свечената академија присуствуваа сегашни и пензионирани професори, сегашни и ученици кои одамна ги завршиле школските денови во “економско“, истакнати стопанственици кои тука го добиле првото образование од економијата… а сите нив ги поздрави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, честитајќи го јубилејот нас сите,  додаде:-Најголемо богаство на еден град се едуцираните кадри кои продонесуваат за развојот, а Битола се гордее со нив, средношколци кои потекнуваат од ова училиште. Голем број на интилектуалци поминале низ клупите на училиштето кое денес слави 100 години, а започнало со работа во далечната 1922/1923 година, а започнало да работи како “средна трговска школа“, за по ослободувањето да продолжи да функционира како средно економско училиште “Јане Сандански“. Квалитетното средно образование е претставен преку голем број на наши сограѓани кои го продолжиле образованието во Македонија и странство. И денес екомомско може да се гордее со младите луѓе кои тука се оспособуваат да водат сопствен бизниз. Наша обврска како локална самоуправа е да бидеме поддржувачи на квалитетни идеи и проекти кои ќе ги иницира училиштето.Директорот на “екомонско“ Александар Цветковски на свечената академија рече:-Денес одбележуваме 100 години постоење на нашето училиште, а денес сме тука да искажеме почит на сите кои дале придонес за развој на воспитно образовсниот процес во нашето училиште. Јане Сандански низ историјата е симбол на опстојувањето, а училиштето е симбол на опстотувањето низ сите предизвици од далечната 1923 година. Низ него поминале многу генерации, стекнале знаења и вештини. “Кога клупите би зборувале“  тие би имале многу да кажат, а тоа нам, ни дава поттик да продолжиме. Денес, можеме да кажеме со гордост, дека градиме учиници кои со своите знаења и вештини придонесуваат за развој на новото време, дигитализацијата и технологијата. Присутните на свечената академија беа пријатно изненадени од уметничкиот настап на хорот, рецитаторите, видео презентацијата, ликовната изложба и другите содржини подготвени за оваа прилика од учениците под менторство на своите професори. 

Инаку, низ средното економски поминале  за 100 години, 100 генерации ученици, а првите ученици во далечната 1922/1923 година во тогашната “средна трговска школа“, учеле во  денешните простории на училиштето “Гоце Делчев“, а биле запишани само 30. По ослободувањето, продолжиле таму, а во 1974 година преместено е во сегашните, кои порани било воената амбуланта на гарнизон на ЈНА во Битола. Денес има повеќе од 500 ученици,а добиваат дипломи за економски техничар, деловен асистент, е-трговија и е-маркетинг.

Познати професори кои работеле во Економски биле директорите Томе Велјанов, Андон Стојчев – Доне, Ружа Несторовска, Ацо Велјановски, Лилјана Белчева, Нада Димовска. Тимислав Ристевски, Љупка Балојани, Василе Дранговски, Цвете Ристевска, Мирка Вангелова, Драгољуб Неделковски, Еленица, Филка, Коста Нечов…

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »