Press "Enter" to skip to content

Совети за спортисти: терапијата со вакуум (вендузи)

Терапијата со вакуум (вендузи) е едноставна, ефикасна и безопасна. Дава одлични резултати. Има многу придобивки од вакуумската терапија: таа не е инвазивна, може да се користи за широк спектар на проблеми и пред се е ефикасна. Се користи во физикална терапија и рехабилитација во комбинација со други методи како што се мануелна терапија, сува игла и други методи. Тоа е всушност терапија со помош на вшмукување.

Постојат два начини на терапија со вендузи. Може да се постават на телото на пациентот, најчесто на болни места (статичка апликација), а вакуум масажа може да се направи со помош на вшмукувачки чаши во пределот каде има болка и напнатост.

Често, оваа техника е истовремено и терапија и дијагноза, од причина што на „проблематичните“ места и на места со слаб проток на крв се создаваат „модрици“. Всушност, овие „модринки“ се нарекуваат екстравазати. Нивниот изглед укажува на слаба циркулација на крвта во пределот каде што се поставени вшмукувачките чаши. Колку е посилна бојата на „модрината“, толку е поголем проблемот. Сепак, добро е што се појавуваат, бидејќи на овој начин поради создавање на вакуум и промена на притисокот на местото каде што се ставаат вшмукувачите, всушност го забрзуваме метаболизмот, а извлекуваме токсини од телото или ткивата на површина, а со тоа и по природен пат полесно ќе ги исфрлиме од телото, тоа е таканаречената „лечива модринка“.

Веднаш по вакуум масажа или нанесување на вшмукување на телото се чувствува олеснување во таа регија, исто така набргу по неколку терапии кожата се менува, станува еластична, модриците стануваат се помалку и помалку, исто како и болката. Вакуумската терапија дава многу добри резултати во третманот на целиот локомоторен систем: дегенеративни промени на ‘рбетниот столб, болен и вкочанет грб, болка меѓу лопатките, болка во лумбалниот дел на грбот, ишијас.

Вакуумската терапија делува на:

-го подобрува протокот на крв и лимфниот проток

-има антиинфламаторно дејство

-го нормализира метаболизмот

-го зголемува капиларното дејство

-има ефект на лимфна дренажа

-врши детоксикација

-ја зголемува виталноста и имунитетот.