Во гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола се одржа медиумска работилница, “Новинарски спринт“, на која под менторство на професорот Никола Трајковски учество зедоа дваесетина ученици и членови на училишниот весник и младинското радио.Ротилницата, која предизвика голем интерес беше во организација на Институтот за комуникациски студии, а на сите учесници им се обрати и им посака успешна работа директорката на Гимназијата, Лидија Споа. Работилницата беше во оганизација на Институтот за комуникациски студии – ИКС, која е научно-истражувачка установа, фокусирана на образование и истражувања за медиуми и комуникации.Со битолските средношколци беше дискутирано за дезинформации, информациски манипулации и како да препознаеме лажни фотографии и вести, а се разговараше и за кои теми би пишувале, ако би биле новинари. Исто така беа анализирани медиумски содржини, а учениците беа и уредници на вести.
Фото: Дамијана Ристевска