Press "Enter" to skip to content

Верниците од муслиманска вероисповед од Битола со утринска-бајрамска молитва за Рамазан Бајрам (фотогалерија)

По повод празникот Рамазан Бајрам во Битола утринска и бајрамска молитва се одржа денес рано во сите џамии, каде присутвуваа голем број на верници.Од денес, по триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански Бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.Рамазан е еден од петте столба на исламот, покрај верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Месецот на Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта, а од пост се ослободени децата, бремените жени, доилките и болните.

Преку фотографиите на Агим Џело ви пренесуваме како беше на утринската молитва во џамиите во Битола, кои се одржаа молитви, а муфтијата Амит Расими имаше обраќање до верниците.

More from ВестиMore posts in Вести »