Press "Enter" to skip to content

Во Библиотеката работилница “Одбери ја својата професија“ за основците од ОУ “Коле Канински“

Во организација на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, ООУ „Коле Канински“ – Битола и Ротари клубот „Широк Сокак“ – Битола се одржа работилница на тема “Одбери ја својата професија“, каде чениците од 9 одделение имаа можност да слушнат за различните  професии.

Говорници на работилницата беа Билјана Петровиќ – биотехнолог, Ѓорѓи Мијалчев – информатичар, Лидија Павловска – одделенски наставник, Маргарита Камбовска – доктор, педијатар, Марта Соклевска – администратор за човечки ресурси, Маја Стојановска – сметководител, Светлана Глигоровска – педагог и Билјана Врчал Ванчевска – стоматолог.Почитуваните говорници предложија и некои чекори што можат учениците да ги превземат, со цел да им помогнат да го одредат нивното идно занимање преку идентификација на интереси и страсти, што уживате да правите и кои теми или области ви се интересни, за вештини и силни страни, областите каде што се истакнувате, потенцијалните кариери, различни работни места и кариери, како и да се побара од совет од училишниот педагог и психолог, професионалци, кариерните центри…На крај на настанот се истакна дека сепак изборот на кариера е процес и во ред е да се одвои време за да ги истражат различни опции и да откријат што е најдобро за вас. Колку значи да си го насочиме сонот кон она што ние го сакаме, а не што ни велат останатите.

За добрата организација на работилницата се потрудија директорката Дијана Толевска Христовска, Советот на родители при училиштето ООУ „Коле Канински“- Битола и претседателката Марија Наумовска. Модератор на настанот беше м-р Фатма Бајрам Аземовска, раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.

More from ВестиMore posts in Вести »