Press "Enter" to skip to content

Добронамерен концерт на Анета и “Молика“ за изградба на Царската црква “Успение на Пресвета Богородица“ на Битолското кале над Битола (видео+фотогалерија)

Вечерва во Центарот за култура во Битола се одржа концерт на Анета и групите “Молика“ и “Молика еден“ на кој присуствуваа нивни пријатели и почитувачи на нивната долгогодишна работа во Македонија и низ целиот.Средствата од продажбата на билетите ќе бидат наменети за Царската Црква, “Успение на Пресвета Богородица“ и “12 Апостоли“ која се наоѓа на Битолско кале, над Битола, и е значаен историски и културолошки храм и една од најстарите цркви во Битола и околината но за жал во минатото разрушена и напуштена.Благослов за концертот и за целата идеја која има иницијатива да се изгради, даде и Владиката Петар, кој се обрати со поздравор Христос Воскресе, мили битолчани, и на присутните и рече:-Во овој период, во првата недела од Христовото Воскрение, музичката група “Молика“ и Анета смислиле да започнат со добротворна организација за обнова и реконтрукција на црквата на Света Богородица, која  најверојатно се нарекувала “Успение на Пресвета Богородица“ како и на Светите Апостоли Петар и Павле, која е изградена во првата половина на 11 век, црква постара од “Света Софија“.

-Црквата е Царска бидејќи е продолжение на црквата и Царските палати кои се наоѓале црквата на Самоил на островот Ахил во Мала Преспа. Потоа седиштето е пренесено во Битола и во неа крунисан синот на Гаврило Радомир, рече Владиката Петар, за историјата на оваа црква.Црквата била 23 метри должина, 21 метар широчина, 16 метри височина со пет куполи, со две камбанарии како Саат кулата во Битола, потсети Владиката Петар, кој додаде дека сјајот на Битола ќе го вратиме со обнова на црквите кои биле повеќе од 100, а денес се околу 20-тина, но многу се битни старите како оваа која биле пред 1.000 години.-Се надевам дека сите битолчани ќе се вклучиме во изградбата, за која нема да кажуваме за колку време ќе се изгради, и таа ќе блесне во нејзиниот сјај, рече Владиката Петар на добронамерниот концерт на Анета и “Молика“.

Концертот се отвори со песни за Битола, а Анета рече:-Сите заедно да оставиме уште еден белег, да придонесиме да се подигни овај Божји храм, со Божји благослов, да го реализираме овој преубав проект и да помогнеме вo неговото возобновување на постоечките темели за кои добивме благослов од Битолската Митрополија.-Вие тука кои сте заедно во нас, ќе ги слушате сите хитови испеани од мене Анета Мицевска и група “Молика“ и подмладокот на “Молика“ и уште еднаш им порача на битолчани да ја поддржат оваа иницијатива.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »