Press "Enter" to skip to content

Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола, овој пат и фестивал “Весел петок“ (фотогалерија)

-И година започна со дефилето низ населбата, а во рамките на Фестивалот “Весел петок“ на Средсело се одржа концерт на кој настапија друштва од Македонија и Унгарија.

-Населението што се доселувало во Битола со себе ги носело и своите обичаи, си имале своја слава. Но, си имале и една најголема, заедничка, градски,односно селски Велигден.

-Гостите од селата кои доаѓале во Битола, го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски оти доаѓале гости од селата.И годинава во жителите на една од најстарите битолски маали, Јенимаале (Гинимале), ја продолжија вековната традиција наречена, Градски-селски Велигден, која само тука се одбележува на овој начин. Денес, на празникот Источен Петок – Балаклија, на првиот петок по Велигден, централна манифестација на одбележувањето на празникот се одржа настапот во рамките на фестивалот “Весел петок“, а “гиманалци“ и нивните гости ги проследија настапија на играорци, музичари, пеали од Македонија и Унгарија. Како и изминатите години така и оваа година по повод овој празник се одржа дефиле низ улиците на населбата Јенимаале, кое заврши на Сретсело.Во Јенимаале гостин беше и градоначалникот на Битола, заедно со пратеничката Огла Лозановски, своите најблиски соработници и дел од советниците од Советот на Општина Битола, гостите од Унгарија и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола – Пеце Милевски, заменик градоначалникот Бојан Бојковски, директорите на јавните претријатија и инстутуции и претседателот на “Илинден“ – Антонио Димитровски.Градоначалникот Тони Коњановски на жителите на Јени Маале им го честита празникот, и им посака уште долги години да го прославуваат.На прославата на Градски-селски Велигден присуствуваше и претседателот на СДСМ од Битола, Дрган Крајовски и најблисктите соработници, заедно со своите домаќини, жителите на Јени Маале, членови на партијата.Манифестацијат започна традиционални, со доѓањето на дефилето во кое беа  вклучени групи од Културно – уметничкото друштво “Илинден“ кое од од оваа населба заедно со гостите, а низ јенималските улици  продефилираа членовите на детскиот ансамбл, предводени од членовите на оркестарот на “Илинден“.Централната манифестација се одржа со настап на детските групи на КУД “Илинден“ од Битола (детски ансамбл), КУД “Дримкол“ од  Вевчани (детски ансамбл), ФА “Китка“ од Истивања (детски ансамбл) и училиште за фолклор “Теблаб“ од Будимпешта, Република Унгарија.Гостите од Унгарија, членовите на училиштето за фолклор од Будимпешта на Сретсело настапија со национални танци, кои присутните ги наградија со голем аплауз.Повозрасните жители на оваа населба денес се присетија на оваа стара традиција која единствено тука вака се одбележува, а и отворија вратите на своите домови за роднините и пријателите не само од селата, кои за жал се помалку ги има, туку и за сите пријателите битолчани, кои годинава ги имаше во голем број.Повозрасните гемималци се потсетија, како рекоа, на едно не така одамна минато време, кога оваа населба на овој ден беше претесна да ги прими сите гости, а сите куќи беа отворени, а на Сретсело во гужвата се играше оро, имаше панаѓур…, а годинава имаше и тезги на кои беа изложени за продажба ракотворби.Во новата црква “Св. Пророк Илија“ која се наоѓа во оваа населба, кај Кајнако, се одржа и богослужба и беше отворена за сита намерници.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »