Пионерската екипа на Пелистер Волеј не успеа да се пласира во завршницата односно меѓу најдобрите 4 и ќе игра за пласман од 5 до 8 место. Во рамките на пионерската државна лига во вториот 1/4 финален дуел, нашите пионерки не успеаја да се надминат и да надокнадат негатива од 3:0 во првиот натпревар, па така остануваат без пласман меѓу најдобрите четири.-Иако резултатски гледано во првите два сета Пелистер навистина имаше свои моменти, шансата за подвиг изостана, а големиот број на грешки во приемот како и слабата игра во поле беа причина екипата да не блесни во својот полн сјај. Ова секако дека е екипа со голем потенцијал кој овие девојки несомнено го имаат, но не чека многу напорна работа, рече тренерот на пионерките, Владимир Трифуновски.Иако пласманот меѓу најдобрите 4 со кадетките и пласманот меѓу најдобрите 8 со младинките и пионерките не можи да се смета за неуспех, сепак кога се работи за младинскиот погон на нашиот клуб на кој сме навикнале на бројни успеси, ова е само релативно добра сезона, истакнуваат од Пелистер Волеј.
Пионерките на Пелистер Волеј не се пласираа во Ф4, поразени и во Битола (фотогалерија)
Пелистер Волеј – Наковски Волеј 1:3
(21:25; 23:25; 25:20; 11:25)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
- Самоил Ристевски потпиша договор со Еурофарм Пелистер до 2028 година
- Пелистер поразен од Подгорица во АБА2 после големиот пад на играта во финишот
- Алекандар Петровиќ: очекувам поинакво издание на противникот, но одиме да се надигруваме