Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: акција за расчистување на диви депонии кај Касарната и зад зградата “Аурум“

Општина Битола, јавните претпријатија „Водовод“, „Комуналец“ и „Нискоградба“ и три приватни фирми, денес, по повод Меѓународниот ден на планетата Земја, организираа акција за расчистување на диви депонии со цел преку заеднички и организиран пристап да се придонесе кон почиста животна средина и да се подигне еколошката свест кај населението.

На дел од просторот на поранешната Касарна и зад зградата “Аурум“, беше собрана голема количина отпад, која беше отстранета со 12 тури од камионите на јавните претпријатија и со 3 камиони од приватните фирми, кои покажувајќи ја својата грижа за почиста животна средина, доброволно се вклучија во акцијата.За време на акцијата, на терен присуствуваа и градоначалникот Тони Коњановски, заменик градоначалникот Бојан Бојкоски и директорите на јавните претпријатија, кои најавија продолжување на ваквите акции  и следниот викенд, со цел расчистување на јавните површини, каде што се создадени диви депонии.

Општината и јавните претпријатија, заедно со приватниот сектор, училиштата, месните и урбаните заедници, невладиниот сектор и други заинтересирани субјекти и оваа година ќе бидат дел од големата акција „Генералка викенд“ која се спроведува во повеќе општини во државата, а во Битола ќе биде организирана на 12 мај.

Сепак, останува апелот до граѓаните, да не дозволуваат создавање на нови депонии, кои претставуваат голема опасност за животната средина.