Press "Enter" to skip to content

Пелистер заврши на 2. место на табелата, против Феникс во четвртфиналето во плеј-офот

МЗТ Скопје – Пелистер 95:93

Кошаркарите на Пелистер од Битола со пораз од МЗТ Скопје го завршија регуларниот дел од Првата кошаркарска лига, а како беше и пред одигрувањето на последното коло “пелистерци“ се на 2. место на табелата пред почетокот на плеј-офот. 

Иако долго беа во голем резултатски минус, битолчани дојдоа на чекор до победа, но останаа со празни раце во СЦ „Јане Сандански“ (95:93) во дерби дуелот на 22. коло. Домаќинот поведе и со (65:48) во 27. минута од играта, по што следуваа девет по ред поени за Пелистер, доволно да намали и на “само“ (64:72), а потоа беше и 79:65. Пелистер не се предаде, и во последниот дел стигнаа на едноцифрен минус 85:78. Битолчани дојдоа и на -1 и шанса да поведат. На 19. секунди пред крајот, Хаџифејзовиќ заработи исклучување, казни Дамјан Стојановски, за 95:93, а на крајот на неколку секунди Карпентер не погоди од под кошот, за евентуално продолжение.   

Второпласираниот Пелистер ќе има вистинска шанса да му се реваншира на Феникс за поразот во полуфиналето од Купот, во рамките на четвртфиналето, а за пласман во полуфиналето ќе му требаар две победи.

Плеј-офот во Првата лига започнува следниот викенд, а не е можно финале меѓу Пелистер и МЗТ Скопје.

More from ВестиMore posts in Вести »