Press "Enter" to skip to content

Победата над Пролет на Еурофарм Пелистер посериозен тренинг пред Вардар

Пролет – Еурофарм Пелистер 17:30 (9:15)

Спортска сала „Македонско сонце“ – Скопје. Гледачи: 400
Судии: Дејан и Димитар Георгиевски

Пролет: Михаљевиќ, Петковски, Тотиќ 2, Василевски 2, Пецаковски, Крстевски, Додевски 1, Димов 3, Андоновски 2, Мајнов 2, Димковски 3, Стојановски, Фичорски 2, Јанчев, Палевски, Спасовски.

Еурофарм Пелистер: Лесјак, Кизиќ, Ристевски, Ојлески 1, Кисум, Радовиќ 2, Танкоски 1, Хосни, Костески 3, Петар Атанасијевиќ 6, Васиљев 4, Суси 4, Пешевски 2, Хенеберг 1, Павле Атанасијевиќ 2, Стевановиќ 4.

Екипата на Еурофарм Пелистер ја победи екипата Пролет 62 со 17:30 во натпревар кој беше само посериозен тренинг и последен суперлигашки тест пред дербито за титула во Битола. 

Во текот на целиот натпреавр “пелистерци“ не им дозволија на надеж за нешто повеќе од пораз на свој терен.

Само на отворањето на натпреварот Пролет имаше мала негатива (5:6), а потоа со добра игра во нападот и цврста одбрана, Еурофарм Пелистер успеа да се одлепи на 6:10, предност која до полувремето беше +7 (9:15).

На стартот на вториот дел, Еурофарм Пелистер имаше двоцифрено водство 11:21 и се беше јасно и остануваше само да се доигра натпреварот.

Најефикасен кај “пелистерци“ беше Петар Атанасијевиќ со 6 гола, а Васиљев, Суси и Стевановиќ со 4.

More from ВестиMore posts in Вести »