Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување заради пукање од пиштол

На 21.04.2023 во 08.00 часот во Битола на ул. “8-ми Септември“ полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 20 години и двајцата од Битола кои биле со патничко моторно возило “бмв х5“ со битолски регистарски ознаки, поради добиена пријава околу 07.00 часот дека едмо од лицата пукало на ул. “Цане Василев“.

При преглед во возилото биле пронајдени и одземени пиштол и девет куршуми.

Нема повредени лица, а на местото на настанот биле пронајдени и подигнати две чаури.

Известен бил Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »