Press "Enter" to skip to content

Нова висока победа на Топ гол над екипта на Џи-џи (фото)

Топ Гол – Џи џи 15:0 (6:0)

На натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола, популарното Ќумурно, пред околу 200 гледачи, во рамките на 10 коло од ВМФЛ, фудбалерките на Топ ГОл од Битола, ја декласираа екипата од Скопје со резултат од 15:0 полувреме 6:0.Нај ефикасна на овој натпревар беше Маргарите Талевскла со постигнати 6 погодоци, Ивана Милевска со 4 погодоци, Димитровска Георгина и Сара Стефановска со по 2 и Гоцевска Анита со еден погодок.-После ваков натпревар може само да се кажи едно големо браво за девојките. Тоа што се договоривме пред натпреварот и работните задачи што им ги поделив девојките го одработија на теренот, вели тренерот на Топ Гол, Кире Грбевски.

Во досегашниот тек на првенството Топ гол е непоразена екипа со постигнати 71 гола, примени само 3.  Следното 11 коло битолчанки ја пречекуваат екипата на Билјанини извори

More from ВестиMore posts in Вести »