Press "Enter" to skip to content

Ноќеска 30 пијани возачи санкционирани на територија на СВР Битола

Во текот на изминатата вечер (22/23.04.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 30 возачи.Од нив 15 на територија на Битола, 11 во Прилеп ,по 1 во Ресен и Демир Хисар и 2 Македонски Брод.

За време на контролата биле санкционирани и 20 други видови прекршоци.

Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

More from ВестиMore posts in Вести »