Денес како и секоја година, 11 по ред се одржаа Добрушевски средби во село Добрушево, кои традиционално се организираат првата сабота после Велигден по иницијатива на Архиепископот Охридски и Македонски и Поглавар на Македонската православна црква, Господин Господин Стефан, кој е роден во село Добрушево.Добрушевските средби го организира Црковниот одбор на црквата, а покрај Поглаварот Господон Господин Стефан присуствуваа и градоначалниците на општините Могила – Драганчо Саботковски, на Новаци – Стевановски, заменик градоначалникот на Битола – Бојан Бојковски, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола – Пеце Милевски, и голем број на гости од општините овој регион.Традиционално Добрушевските средби започнаа со света литургија во храмот “Вознесение Христово – Св. Спас“ со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, со домаќините од храмот.Од црковниот одбор на “Вознесение Христово – Св. Спас“ истакнуваат дека повод за организација на овие средби, е денот денешен, на кој е извршено осветувањето на фрескожитописот на црквата.Добрушевските средби продолжија со заедничка средба на која на присустните им се обрати Поглаарот г.г. Стефан, а потоа се продолжи со трпеза и дружба со музика и забава на која се претставија најмалите.
Се одржаа 11. по ред Добрушевски средби во црквата “Вознесение Христово – Св. Спас“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)