Денес во Битола, во старата битолска чаршија, битолското муфтиство од Исламската верска заедница од Битола и годинава ја продолжи својата традиција по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.Тие пред присториите на Муфтиството во чест на празникот Рамазан Бајрам со парче баклава ги почастија своите комшии, дуќанџиите од Старата чаршија во Битола, битолчани и сите намерници кои денес се најдоа во Чаршијата.
По повов празникот Рамазан Бајрам, муфтијата Амит Расими, со своите соработници на им беа домаќини на сите битолчани на кои им посакаа добредојде, а битолчани им го честитаа празникот.
-По повод верскиот празник Рамазан Бајрам од 2016 година организираме бајрамска баклава во Старата битолска чаршија каде се и нашите простории. Увидовме дека ова е позитивен чин, барјамската баклава да ја почуствуваат сите граѓани на Битола, што кај нас муслиманите по идењето од џамија, на бајрамската трпеза задолжителна е и баклавата, која е блага е круна на бајрамската трпеза, како наша традиција, а сега го споделуваме и со нашите битолчани, истакнуваат од Муфтиството.

И годинава муфтиството на ИВЗ во Битола со баклава во Старата Чаршија ги почести битолчани за Рамазан Бајрам (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Фото вест: стартните пакети и броеви поделени, “Мини Трчај бе“ може да започне
- Расчистени две кражби во Битола, краделе во куќа и хотел, полицијата ги “фати“
- Второ ракометно засилување во Битола, Данецот Андреас Јохан Нилсен потпиша договор на една сезона
- Електричното вовче “Мечо“ тргна низ Градскиот парк
- Раде Христовски, Гувернер на Ротари Дистриктот 1912 (Македонија и Словенија): Ротари заедницата со посветеност и визија 118 години го подобрува светот