Press "Enter" to skip to content

Концерт посветен на професорот Пеце Митревски кој никого не остави рамнодушен (видео+фотогалерија)

Вечерва во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола, во организација на Државното музичко училиште од Битола  се одржа Свечен концерт во сеќавање на професорот Пеце Митревски, насловен како “Стар, ама на англиски“.На концертот присуствуваа семејството на професорот Митревски, Старецот на Бигорскиот манастир Партение, министерката за одбрана Славјанка Петровска, градоначалникот Тони Коњановски, сестринството од женското манастир “Св. Ѓорѓи Понедоносец“, директотрот на Музичкото училиште, Кире Стојчевски, професори, колеги на Митревски, ученици на Митревски, почитувачи на делото на Митревски…На концертот настапија Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Оливер Јосифовски, Сузана Турунџиева, Петар Христов и Камерниот оркестар од Битола, како и ученици од насоката соло пеење во Музичкото училиште и други ученици. -Оваа година музичкото училиште може да се пофали со 76 години од своето постоење со што неколку децении е расадник на врвни музичари. Тоа е повод да се присетиме на сите оние кои ставиле печат врз формирањето на нашето училиште. Да се присетиме на луѓето кои многу години од животот посветиле токму на оваа реномирана образовна институција. Оваа година нашето училиште оддаде почит на повеќе доајени во македонската музичка педагогија со циклус концерти кои се одржуваат изминатиов период.

Вечерва му оддаваме почит на еден човек, сопруг, родител, пријател, но и маркантен професор во нашето училиште. Му ја посветуваме оваа вечер на професорот Пеце Митревски. – Митрата, беше речено на почетокот на концертот, од страна на Емилија Сарафска, ученичка на Митревски.Директотор на Музичкото училиште проф. Кирил Стојчевски ги поздрави присутните и им се заблагодари на колегите и учесниците.Пеце Митревски е роден во 1952 Битола, а почина во 2008 година. Ссредно музичко училиште заврши во родниот град, а понатамошното школување го продолжи на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде дипломира на два отсеци, соло пеење во класата на проф. Благоја Николовски и наставно теоретски отсек. По завршувањето на факултетот работи во Македонската опера се до 1987 година. После тоа започнува неговата педагошка кариера во Музичкото училиште во Битола, каде за прв пат е отворен отсек – соло пеење. Освен предметот соло пеење, предаваше солфеж и вокална техника, но имаше огромни познавања и од контрапункт и хармонија. Од 1992 година континуирано беше диригент на црковни хорови во Битола.Потврда за тоа се повеќе музички уметници кои чекореле по патеката на успехот, а на повеќето од нив пеењето да им станува животна определба: Цветан Стојановски, Татјана Крстевска Ковачевска, Сузана Турунџиева, Емилија Сарафска, Сузана Тнокова, Леонарда Богданоска, Јасмина Креола, Павлина Новакова Георгиев, Марјан Неќак, Игор Дурловски, Викторија Јанкуловска, Олгица Милевска, Јасмина Креола, неговата ќерќа Магдалена Митревска Наумоска, Марина Коруновска, Тања Цароска, Елена Петреска, Тоше Проески, Билен Еминов, Маријан Стојановски, Елена Митревска, Маја Илиоска Митровска, Марија Вељановска Арсиќ, неговата ќерка Драгана Митревска – денес монахиња Касијана, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Драган Микаровски и др.Митревски ја напиша првата нотација на литургијата на македонски јазик, со што во 1995 година добива признание за особен придонес во Македонската православна црква. Истата литургија е изведувана во Романија, и во Бугарија, во Рилскиот Манастир и во Софија, во Храмот Свети Александар Невски. 

“Јас сум стар – ама на англиски!“ Беше шегачија, боем, уметник, а пред cè – човек. Беше човек со големо срце, кој несебично не учеше на cè што знаеше. Беше голем човек. Големите луѓе не умираат, тие живеат вечно.Пеце Митревски – Митрата! Вечен му спомен!, беше кажано за професорот вечерва.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »