Во организација на УКЛО, Македонско-американската алумни асоцијација и УСС УКЛО се одржа работилница на тема ,,Денес волонтер/волнотерка,утре лидер/лидерка, во рамки на проектот кој МААА го реализира на четири државни универзитети, во СИЦ на УКЛО. Целта е да се поттикне волонтерството помеѓу младите, да се промовира ставот дека волонтирањето не е работење без пари, туку давање приодонес за подобро општество.Верица Јорданова, претседател на Македонско-американската алумни асоцијација, нагласи дека со проектот треба да се поттикнат воннаставни активности за студентите и учениците, за да се стекнат со знаења и вештини кои не се опфатени во наставните програми.
Проректорката за студенстки работи на УКЛО, проф. д-р Јасмина Буневска Талевска истакна дека освен промоција на волонтерството, проектот има и втор столб – промовирање на Студентскиот клуб за одржливо живеење на УКЛО, за чие уредување е добиена донација од МААА.
Станува збор за друштвена игра за поттикнување на одржливиот развој меѓу младите и студентите. Проектот ќе продолжи со одржување на други работилници и промоција на Студенсткиот клуб за одржливо живеење.

Одржана работилница “Денес волонтер/волнотерка, утре лидер/лидерка“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Болдер ѕид за качување со трибина за детски и младински активности
- Пионерската екипа на Пелистер шампион на Македонија (фотогалерија)
- Состанок на Централниот одбор на ПОДЕМ
- СВР Битола: приведени три лица за поседување марихуана, 58 санкции за брзо возење
- Младите креативци од Битола на платото пред Офицерски дом (фото)