Press "Enter" to skip to content

Победа на кадетите на Еурофарм Пелистер во Битола над Прилеп (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Прилеп 24:21 (15:8)

Вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола кадетите на Еурофарм Пелистер кои што настапуваат и во младинскиот шампионат на Македонија ја победија гостинската екипа на Прилеп.Избраниците на Фарух Мемиќ имаа контрола на играта и резултатот во текот на целиот натпревар и не му дозволија на прилепчани да се доближат резултатски, и да направат изненадување во Битола. 

Головите кај кадетите на Еурофарм Пелистер ги постигнаа Марковски и Лозановски по 6, Лажоски 4, Пецаковски 3, Вирловски и Буторац по 2, Ѓоргиевски 1 постигнат гол.

More from ВестиMore posts in Вести »