Во пресрет на Денот на основањето на УКЛО од Битола, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски одржа работен ручек со претставници од средните училишта од градовите каде делува Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.Во пријатна атмосфера, дискутирано е за повеќе можни облици на соработка помеѓу УКЛО и средните училишта, со цел – задржување на поголем број млади во регионот.
На средбата свои предлози како да се интензивира соработката дадоа сите директори, а од страна на УКЛО беше речено дека таа треба да започне со стартот на академската година.
Истовремено на средбата, потврдена е заложбата и обврската и на УКЛО и на средните училишта како јавни установи да се грижат за јавниот интерес, особено за најприоритетниот, да се намали иселувањето на младите образовани лица, не само во странство, туку и да се делува во насока на намалување на внатрешните миграции, претежно кон главниот град.
Соработка помеѓу УКЛО и средните училишта има посебна важност пред стартот на уписната кампања. Се оценува дека на овој начин ќе им се овозможи правилно насочување на матурантите, меѓу другото да ги запознаат поцелосно домашните образовни можности како и поволностите за студирање дома.
Заедничкиот работен ручек на ректорот Неделковски со претставниците од средните училишта се планира да прерасне во традиционален настан по повод Денот на основањето на УКЛО, 25 април.

Се интензивира соработката на УКЛО со средните училишта од регионот (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Битола дел од проектот “Одржливо управување со отпадот на локално ниво“
- Националната опера и балет гостува во Битола со балетот “Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев во Центар за култура
- Оддадена почит на загинатите бранители од Битола и Новаци кај Гајре
- Менде Граматковски, директор на “Стрежево“ Битола: започна новата сезона за наводнување на земјоделските површини (фото)
- Фото вест: започнаа подготвителните работи за изградба на кружниот тек кај “Ветеринарна“