Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Психолошки пораки од родителите кон детето и нивни последици (1)

Во текот на одрастувањето родителите на своите деца им  упатуваат различни пораки за тоа што смеат, а што не смеат. Пораките може да се директни, вербални: „Не јади чоколадо пред ручек“, „Врати ја играчката во кутијата“. Може да бидат дадени со личен пример на неадвектано однесување на родителот, значи невербално, а може да имаат и форма на повторувачки ситни ограничувања:  „Не го гибај тоа, не е тоа за тебе,… „Не плачи, срамота е !… Не пораки од типот „Не трчај ќе паднеш… „Не скокиај во базенот“, „Не се качувај…“ Можат да имаат различен емоционалнен испад на родителите пропратен  со текст : „Да цркнеш да даде господ“. Или суптилни „Душо мамина, јас не знам што би правела без тебе“.

Родителите воглавном не се свесни на психолошките пораки кои им ги праќаат на децата, како и за последиците кои можат да бидат многу лоши за детето и неговото ментално здравје во понатамошниот живот. По теоријата на Трансакциона анализа, која е основа на „Терапија на Нова одлука“, постојат и патолошки пораки кои сме ги усвоиле од родителите во детството. Тоа се скриптни забрани – вербални и невербални пораки кои на детето му ги упатувале нему значајни луѓе (родители, старатели или други ) во текот на неговото одрастување, а кои на некој начин ја  загрозуваат неговата здрава адаптација и автономно функционирање.

Исто така, децата не ги усвојуваат сите пораки кои ги добиваат од родителите како забрани, бидејќи во склад со своите капацитети ги анализираат и некои колку и да биле интензивни нема да ги интернализираат. За овие наведени пораки станат дел на сценарио или т.н скрипт (според Трансакциона анализа) детето мора во нив да верува и да ги интренализира.

Gavrilov Jerković и соработниците (2010) наведуваат дека забраните можат  бидат со различен обем, интензитет и штетност по личноста. Bob i Mary Goulding направиле листа на 12 ЗАБРАНИ.

1.Немој !

„Немој да трчаш“! „Немој да пееш“!„Не скокај во базен!“ „Немој“ забрани упатуваат уплашени родители кои се ужаснуваат дека нешто лошо ќе му се случи на детето, ако тие не се во близина. Како што детето одрастува родителот е презагрижен за секоја акција на дете, и ќе бара од него да ги преиспитува  своите  одлуки: „А сепак да не одиш на таа екскурзија/роденден/натпревар? Родителот може да биде фобичен, психотичен, или премногу заштитнички настроен. Заради реални причини(болест, несреќа, губиток на друго дете).  Пораката која детето може да ја заклучи е дека секаде демне опасност и дека најсигурно е да не прави ништо.  Децата кои ја усвоиле забраната „НЕМОЈ!„ мислат дека се што ќе направат не е добро или сигурно, и бараат од другите да им кажат што да прават.  Кога ќе одрастат стануваат несигурни личности кои имаат потешкотии да донесат одлука. Затоа ако сте неодлучни, имате чувство дека тапкате во место, но ништо не превземате, можно е да сте ја усвоиле оваа забрана.

2. Немој да постоиш!

„Да не си, одамна би се развела од татко ти! „Подобро да не се родеше! Би сакал да не се родеше“ „Животот ќе ни беше полесен“ … „Немој да постоиш“ е најопасна забрана која детето може да ја усвои. Таа е основа за донесување на самодеструктивни  одлуки. Однесувања на „влетување“ во животно ризични ситуации. Но може и во алкохолизам и наркоманија. Овие пораки може да се даваат и невербално – намрштена експресија, секој пат кога се погледене детето или со викање кога нешто бара. Игнорирање на детето кога плаче и кога е уплашено. Физички и психички малтертираните деца ја  усвојуваат оваа забрана. Оваа забрана се открива низ психотераписки процес. Бидејќи луѓето се многу флексибилни и снаодливи личноста за да се заштити и „преживее“ си поставува услов – „Добар сум и треба да постојам се додека …заработувам многу пари, ги имаам сите петки, не сум близок со другите, имам партнер“.

3. Не биди дете!

Пораките како што се „Одрасти веќе еднаш“, „Голема си да се играш со кукли“, „Само малите деца плачат“, можат да се сфатат како забрани. Најстарото дете може само себе да се ја даде оваа забрана, бидејќи мисли дека е одговорно за помладиот брат или сестра. Оваа забрана ја упатуваат родителите кои и сами не смееле да бидат деца, било заради тешка материјална ситуација во семејството или заради многубројно семејство, па морало да се грижи за помалите браќа или сестри… Родителите кои имаат незрело и детинесто однесување или се зависници од алкохол или дрога, можат на детето да  им упатат забрана да не биде дете, „бидејќи има место само за едно дете“. Тогаш доаѓа до замена на улогите и детето се грижи за родителот. Ако имате проблем да се опуштите на забави, бидејќи мислите дека само децата се забавуваат и глупираат, можно  е да сте ја усвоиле  забраната „Немој да бидеш дете“.

4. Немој да одрастиш!

Дали се чувствуваш како дете во тело на возрасен? Дали си слушнал од други дека си незрел? Дали членовите од семејството ти повладуваат иако си во зрели години? Помладите браќа или сестри често ја добиваат оваа забрана.  

Ако родителите ви забранувале во тинејџерските години да се шминкате и да излегувате со дечковци, или сте во зрели години, но сеуште живеете со родителите како би сте се наводни грижеле за нив, можно е да сте ја прифатиле оваа забрана„немој да одрастиш“.

Продолжува