Денес, вторик, 25 април, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, засилен ветер и услови за појава на ситен град. Температурата во Битола до 20 степени.
Утре, среда, 26 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 16 степени.