Press "Enter" to skip to content

44 години УКЛО Битола одбележа со отворен ден, “УКЛО и пријателите“ и потпишување на договори (фотогалерија)

ие денеска решивме Денот на основањето да го празнуваме со отворени врати, со Отворен ден на УКЛО, но и ден на УКЛО и пријателите, бидејќи УКЛО е Битола, но УКЛО е и повеќе од Битола, рече ректорот проф. д-р Игор Неделковски.

По повод 44 години од основањет0 на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола, денес беше организиран отворен ден “УКЛО и пријателите“, со одбраќање на Ректорот проф. д-р Игор Неделковски и потпишување на меморандуми со компании, здруженија и невладини организации. Во своето обраќање ректорот Неделковски се осврна на проблемот со миграцијата, како во странство така и во Скопје, и обрската на Универзитетот во Битола, тоа да го намали, а тоа ни е државна задача. -Денеска го одбележуваме 44 роденден на нашиот Универзитет кој во 1979 година на овој ден ги отворил своите  врати и започнал со работа. Ние денеска решивме Денот на основањето да го празнуваме со отворени врати, со Отворен ден на УКЛО, но и ден на УКЛО и пријателите, бидејќи УКЛО е Битола, но УКЛО е и повеќе од Битола.  Универзитетот има свои единици во шест други градови и затоа на овој ден ја имаме пред се нашата Општина како стратешки партнер, го имаме бизнис секторот и  невладиниот сектор, претставници од Владата и од МОН: раководителот на Секторот за високо образование Ахмед Ќазими и министерката за култура Бисера Костадиновска – СтојчевскаСо ова покажуваме дека имаме многу поддржувачи, дека имаме пријатели бидејќи образованието и науката ако функционираат сами за себе ја губат својата смисла. Ние сме тука како Универзитет да се грижиме за јавниот интерес на нашата држава, општините во кои делуваме, пред се општина Битола како главно јадро. Заедно сме  со нашите пријатели, пријатели кои сакаат да помогнат во нашата моментална  мисија,  задржувањето на младите лица во своите родни градови,не само преку миграцијата во странство, туку и низ внатрешната миграција кон главниот град. На тој начин сакаме да  овозможиме просперитет на нашите општини,  во нашиот Регион, а за крај додаде:-Ако поминале 44 години, ќе поминат уште многу, ќе поминат 244 години и така натаму со вакви пријатели какви што ги има УКЛО.На присутните им се обрати и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој рече:-Успешноста во едно општество се создава само преку заедничко делување на сите релевантни фактори кои имаат за цел да изградат здрави, едуцирани личности, за потоа токму тие млади луѓе да бидат движечка сила за успешната иднина на местото во кое живееме, за иднината на нашиот град. Токму денешниот настан, претставува едно вмрежување на младоста, искуството, иновативноста, креативноста со можностите и перспективите за напредок. Нашиот универзитет преку своите квалитетни студиски програми и стручниот наставен кадар, веќе докажано продуцира професионални високо едуцирани кадри, експерти во различни области, за кои треба да направиме се, за да ги задржиме во Битола.  Како локална самоуправа, во овој контекст, годинава, покрај заедничката реализација на „Отворениот ден“, за првпат во партнерство со универзитетот, спроведуваме уште еден проект „Универзитетска летна пракса“, со кој овозможуваме заинтересираните студенти, за време на летниот период, да се стекнат со практични знаења и вештини, преку работно ангажирање, за одреден надомест во општината и јавните претпријатија. Ваквото искуство на „учење низ работа“, е од заеднички бенефит за сите кои сме дел од овој проект.Градоначалникот Коњановски и ректорот Неделковски ги доделија и одобренијата за работа на 22 млади битолчани кои ќе имаат платена летна пракса од страна на Општината, за што ректорот рече дека е прв пример за ваква соработка помеѓу две институции, една државна – друга општинска иако немаат ништо заедничко.Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска се обрати по повод 44 години постоење на  УКЛО при што рече:-Чест ми е што денеска стојам пред вас и како професорка по англиски јазик на УКЛО и како министерка за култура. Овој настан е одличен пример за партиципативен пристап и активно партнерство кое обезбедува средина за поддржување на младите и студентите да останат во Битола и да ги направат своите вештини достапни за локалната заедница. Универзитетот има специфична, хетерогена образовна понуда која опфаќа различни научни дисциплини и образова профили компатибилни со барањата на тековниот пазар на труд. Оваа програма придонесува за мотивирање на младите да останат во Битола и да студираат на УКЛО, да се образоваат, да започнат сопствен бизнис и/или да се вклучат во образовни програми и да работат на сопствениот растеж и развој на кариерата.Ректорот Игор Неделковски, потпиша потпишани и договори за соработка со Општина Битола претставувана од градоначалникот, Регионалната стопанска комора – со претседателот Мирко Велевски, со БиМилк – со директорот Ѓорѓи Петрушев, како и со невладините организации “Преда плус фондацијата“ и МКЦ Битола – Маријана Милевска и Златко Талевски.Годинава за првпат на 44 годишнината од основањето на нашиот битолски универзитет „Свети Климент Охридски“, како заедничка иницијатива и вмрежување на општината, локалниот – економско социјален совет, УКЛО, Центарот за вработување, Регионалната стопанска комора, Младинскиот културен центар, Преда фондација и преку директно вклучување на бизнис секторот, организираме Отворен ден, на кој сите заинтересирани на едно место можат да изберат во која насока ќе го продолжат својот образовен, професионален, кариерен развој.На крај се случи и најавеното, вмрежување на младоста, искуството, иновативноста, креативноста со можностите и перспективите за напредок, со заедничката заложба на сите нас, кои на различен начин сме вклучени во овој настан, има единствена, но сложена цел: Да обезбедиме силна мотивација, за учениците и студентите, својот интелектуален потенцијал и вештини соодветно да ги насочат и да продолжат да бидат дел од развојните процеси на нашата Битола. Овој дел од настанот нуди информација, мотивација и можност за невработени лица од општина Битола да се поврзат, да аплицираат и да се вработат во брзорастечки компании, големи компании, мали и средни бизниси, иновативни бизниси и старт ап компании од една страна и компании кои имаат потреба од работници со стручни квалификации, кои нудат слободни работни места. Во овој дел повеќе од 20 компании ќе промовираат повеќе од 100 отворени работни позиции за различни профили на граѓани, преку познатата програма Ден на кариера.Настанот е збогатен и со музички хепенинг на кој настапуваат бројни битолски бендови и ДЏ-и, а Универзитетското радио “УКЛО ФМ“ емитуваше своја програма од “Отворениот ден“.

More from ВестиMore posts in Вести »